Во Бpиceл, Caмит нa пpeтceдaтeлите нa пapлaмeнтитe нa Зaпaдeн Бaлкaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска и утре, по покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе учествува на Самитот на претседатели на Парламенти “Европски парламент – Западен Балкан“ кој што ќе се одржи во Брисел, Кралство Белгија. На Самитот ќе учествуваат претседатели на Парламенти од Република Словенија, Португалската Република, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Македонија и Република Србија. Во рамките на Самитот предвидено е да се одржи состанок на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), во соработка со постојаните делегации од Западен Балкан, и претседателите на Парламенти од Западен Балкан.

Со состанокот ќе претседава Дејвид Мекалистер, претседател на Комисијата за надворешни работи.

Самитот на претседатели на Парламенти како што е најавено ќе се осврне на зајакнувањето на парламентарната соработка во процесот на проширување како и на фундаменталната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во пост-Ковид периодот.

На маргините на Самитот, потврдено е дека претседателот Џафери ќе оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, Игор Зорчиќ, како и средба со европратениците Шидер, Кјучук и Валсман.

Пред оваа средба, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја истакна важноста на парламентарната работа за процесот на реформи и проширување кон Западен Балкан.

„Клучно е да се реафирмира улогата на парламентите на Западен Балкан и на ЕП во процесот на проширување на ЕУ, како основен предуслов за градење на силни демократии, способни за заедничка европска иднина. Ова е уште поважно по кризата од Ковид-19, која ги предизвика парламентите ширум светот“, рече Сасоли.

Претседателите на парламентите на Португалија и Словенија исто така ќе учествуваат на самитот, претставувајќи ги сегашните и претстојните ротирачки претседателства на Советот на ЕУ.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This