Во духот на пријателството: Софија да ја врати ykpaдената круна на Охридската архиепископија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во духот на пријателството што толку макотрпно го гради Владата со Бугарија, поранешниот пратеник Илија Димовски замолува Софија да го врати она што Бугарија ѝ го украла на македонија уште во Првата светска војна – богатството на Охридската архиепископија.

Во дух на пријателството и соработката, а како процес на градење пријателство, кое сега е длабоко нарушено, да ја замолиме Софија свечено да ја врати МИТРАТА (круната) на Охридската архиепископија во Охрид… Митрата (капата, круната) на Охридскиот архиепископ се наоѓа во Софија, во Националниот историски музеј…, пишува Димовски.

Земена (украдена) е од Охрид, од црквата Св. Богородица Перивлепта, од страна на бугарската војска во 1916 година, за време на Првата Светска Војна.

Оваа митра е подарок од Венеција за еден од охридските архиепископи. Тежи 1,5 кг чисто злато и на себе има 329 скапоцени камења.

Ја носел и последниот (пред укинувањето) архиепископ Арсениј…

П.С. Во Софија има над 80 реликвии, сопственост на Охридската архиепископија…

П.П.С. Архиепископскиот жезол се наоѓа во Зографскиот манастир на Света Гора…“

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This