дома Занимливости Во епицентарот на скијачките терени во Маврово, се враќа Ски Школа, старото...

Во епицентарот на скијачките терени во Маврово, се враќа Ски Школа, старото и препознатливо име со нова енергија

Добро познатата екипа на Кино Карпош и клубот Минус Еден, својата енергија ја пренесува во Маврово и го отвора локалот кој се наоѓа во епицентарот на скијачките терени.
Ски Школа е старото име на овој добро познат локал за скијачите и сите кои ги посетуваат скијачките терени во Маврово. Овој пат, Ски Школа се враќа со нова енергија, нова програма и многу настани кои досега не се случувале на ова место.

Што можеме да очекуваме?

Можеме да очекуваме многу забава на снегот, можеме да очекуваме „apres-ski“ забави по скијањето, многу денски журки, многу дружба, добра атмосфера и добра музика. А екипата на КК и Минус не застанува тука. Tие го враќаат во живот и клубот Ратрак, каде ќе се случуваат многу забавни настани и концерти во текот на сезоната, како и дочекот на новата 2019-та, што значи дека ноќниот живот во Маврово ќе биде веројатно најголем хит оваа зима. За да биде забавата целосна, дечките од екипата која стои позади целиот проект за првпат ни носи и вештачки снег на скијачките терени.

Изненадувањата кои не очекуваат, стартуваат уште оваа сабота на денската промо-забава во Кино Карпош со Dj Chedo, со почеток во 13 часот. Нам ни останува да ги посетиме и да уживаме во убавата енергија.

Извор:TOCKA.com.mk