дома Русија (Во живо)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ: 10 загинати, преку 50 повредени –...

(Во живо)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ: 10 загинати, преку 50 повредени – Путин на лице место во Санкт Петербург!

Истражниот комитет на Русија соопшти дека е започната истрага поради тероризам по повод експлозијата во метрото во Санкт Петербург во која загинаа 10 луѓе, додека 50-тина се ранети

Како што претходно известуваа медиумите, експлозијата одегнала вагон во метрото кое се движело помеѓу станиците „плошта Сени“ и „Технолошкиот институт“. Нешто претходно, портпаролот на гувернерот на Санкт Петербург Андреј Кибитов рекол дека има повеќе од 50 ранети.
„Со нас работат лекари. Бројот на бригадите на првата помош во овој момент изнесуваат 17, и ќе се зголемуваат“, напишал на Твитер.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој се наоѓа во Санкт Петербург, ијзавил дека ги разглдува сите верзии за експлозијата, вклучително и тероризам.

„Непознати се причините (за експлозијата), и затоа сеуште е рано да се говори за тоа. Истрагата ќе покаже.“ рекол Путин, во очи на состанокот со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

„Природно, сеуште се разгледуваат сите верзии – и вообичаени и криминално, пред се појава на тероризам. Ќе видиме. Истрагата наскоро ќе ги даде сите одговори“, рекол Путин.