дома Македонија Во знак на благодарност, Заев со проштален подарок за канцеларката Меркел

Во знак на благодарност, Заев со проштален подарок за канцеларката Меркел

На маргините од посетата на германската канцеларка на Тирана, која е дел од нејзината проштална турнеја низ земјите од Западен Балкан, премиерот Зоран Заев ѝ подарил охридски бисери, во знак на благодарност и сеќавање на добрите македонско-германски односи.

За време на средбата со канцеларката Меркел, Заев се заблагодари за нејзиниот личен ангажман и севкупната посветена работа и непроценлив придонес за зајакнување на односите на СР Германија со Македонија како и за нејзината поддршка и поддршката на нејзината земја на нашиот пат до членството во НАТО и во процесот за членство во ЕУ.

На одвоена средба меѓу Еди Рама и канцеларката, албанскиот премиер ја одликува Меркел со Орденот со голема ѕвезда.