дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во изолaција в.д. градоначалникот на Штип

Во изолaција в.д. градоначалникот на Штип

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов трет ден е во изолaција.

Тој на својот Фејсбук профил објави дека е во превентивна самоизолација.

„Поради неколку ризични контакти, меѓу кои и со лица што имале изразени Ковид-симптоми. Иако немам пројавено никаков симптом, по епидемиолошка препорака и од морални причини ќе останам во самоизолација уште некој период, за да избегнам предизвикување на каква било опасност по здравјето на луѓето во мое опкружување.

Да останеме обединети во борбата против ова зло, од кое сме засегнати буквално сите“, напиша Миланов.