дома Македонија Во Кичево трет ден протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”

Во Кичево трет ден протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа третиот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”.

 


– Сакаме да повикуваме на разум, не на поделби, на развој, а не на стагнација, на отворање, а не на затворање. Бараме да запрат сите партиски превирања и несогласувања, да ја оствариме целта за која сите се залагаме – Македонија да остане унитарна, самостојна, суверена и независна, бидејќи цениме дека само на таков начин ќе имаме подобар и попросперитетен живот, беше речено на протестот

Како што истакна Даме Симјаноски од „За заедничка Македонија”, антимакедонската стратегија е стратегија против сите што живеат тука.

 

– Се срамиме од сите сценарија што ги слушнавме изминатиов период и затоа сакаме да им застанеме на пат.  Ова е замја на сите и ќе биде замја на сите и каква што ни ја оставиле нашите предци, така треба да им ја оставиме и ние на нашите деца, нагласи Симјаноски.

Иницијативата ги повика граѓаните мирно и достоинствено да маршират низ улиците на градот.