дома Балкан ВО КОСОВО СЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА: Полицијата на нозе

ВО КОСОВО СЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА: Полицијата на нозе

Денес треба да биде одржана седница на косовскиот парламент на која ќе се гласа доверба на владата. Главниот проблем е спорната демаркација на границата со Црна Гора.

Барањето за гласање недоверба на владата ја поднесе Иницијативата за Косово со поддршка на Алијансата за иднина на Косово и Самоопределување, како и 12 пратеници од партијата на власт.

Според агенцијата Бета, претседателството и пратеничката група на ДПК решиле да го поддржат барањето за гласање недоверба на косовската влада, доколку Демократскиот сојуз на Косово не го прифати барањето прашањето за демаркацијата да влезе во дневниот ред на денешната седница пред разгледувањето на барањето за изгласување недоверба на владата.

Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи претходно во телефонски разговор со заменик помошникот на државниот секретар на САД Хојт Брајан Ји оценил дека има пречки во одлучувањето за барањето за изгласување недоверба на владата, но и околу согласноста за демаркацијата на границата со Косово.

Американците досега неколку пати на косовските власти им дадоа до знаење дека очекуваат на дневниот ред на денешната седница да се стави и прашањето на демаркацијата, како и дека за тоа треба да се одлучува пред да се расправа за барањето за гласање недоверба на владата.