дома Македонија ВО КОЈА ДРЖАВА ЖИВЕЕМЕ: Знамето на Албанија се вее на првата патарина...

ВО КОЈА ДРЖАВА ЖИВЕЕМЕ: Знамето на Албанија се вее на првата патарина од Скопје кон Тетово

Граѓаните на социјалните мрежи искрено се прашуваат во која држава живееме со оглед на тоа што албанскот знаме се вее и на државни објекти. Имено последниот случај е евидентиран денес на  првата патарина од Скопје кон Тетово, на која се вее албанското знаме, а македонското го нема никаде. Граѓаните се прашуваат каде е знамето на Решублика Македонија со оглед на фактот што патарината е државен објект. Тие прашуваат во која држава живееме и каде одат парите од патарините.

-Ало хунтооо!!!Во која држава живееме и каде одат парите од патарините,во Албанија или Македонија?Каде е знамето на Република Македонија???Ова е државен објект и е на првата патарина од Скопје спрема Тетово, коментираат граѓаните на Фејсбук.