дома Македонија Во Мaкeдoнскa Кaмeница во тек е гaснeње на пoжaрoт кај грaдcкaта дeпoниja

Во Мaкeдoнскa Кaмeница во тек е гaснeње на пoжaрoт кај грaдcкaта дeпoниja

Во Македонска Каменица во тек е гаснење на пожарот кај градската депонија, чиј чад од синоќа беше забележлив над градот. Во гаснењето учествуваат противпожарните служби од Делчево и Македонска Каменица, кои информираат дека во моментот се интервенира во заградениот дел од депонијата.

– Дојавата на пожарот ја добивме синоќа, а од утрово интензивно се гасне пожарот кај депонијата која често пати се опожарува поради што сметаме дека намерно се пали. Екипи на ТППЕ Делчево и Македонска Каменица засега го контролираат пожарот, кој за среќа не е од поголем обем – информираа пожарникарите од терен.

Апелираа до несовесните да не палат оган бидејки штетите од неконтролираното палење можат да бидат големи.

Најавија дека пожарот се очекува да биде ставен под контрола во текот на попладневните часови.