December 6, 2022, 11:05 am

Во петок епилог за ocтавката на 3aeв и за влезот на Алтepнатива во Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петок ќе биде решавачки ден за оставката на премиерот Зоран Заев од лидерската функција во СДСМ, а Алтернатива ќе одлучува дали ќе се приклучи на владејачкото мнозинство. Централното претседателство на Алтернатива в петок во 18 часот ќе заседава и ќе разгледува дали партијата ќе ги продолжи разговорите со премиерот Заев за влез во Владата, потврдија од партијата за „Слободен печат“. Според информации од СДСМ, истиот ден, Централниот и Извршниот одбор на партијата ќе расправа за оставката на Заев од претседателската функција.

Состаноците на највисоките партиски тела на СДСМ и на Алтернатива, кои требаше да се одржат завчера, беа одложени поради големата сообраќајна несреќа на македонски автобус во Бугарија, во која загинаа 45 патници.

Седниците се закажани по барање на Заев кој најави дека ќе побара констатирање на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по поразот на локалните избори.
Со констатирањето на оставката, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател.

Состаноците на двете партии ќе бидат точно по една недела од средбата помеѓу Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, по која премиерот изјави дека посакува парламентарното мнозинство да се засили со четирите пратеници од Алтернатива. Гаши пак, рече дека се исправени пред две опции – да останат во опозиција или да се приклучат кон владејачкото мнозинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This