дома Македонија Во пocледен момент ќе се менуваат гpаниците на две изборни единици

Во пocледен момент ќе се менуваат гpаниците на две изборни единици

Пратениците во Собранието утринава го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

На барање на ДУИ, во последен момент во измените на законикот влезе и промената на гласачки места во Петтата и Шестата изборна единица, па така Дебар и Маврово-Ростуше од Шестата се селав во Петтата изборна единица.

Пред тоа, пратениците по повеќечасовна расправа ја разрешија техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Се очекува до недела на пладне да бидат изгласани и Предлог-законот за јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители, бидејќи тогаш е најавена седницата за распуштање на Собранието.