дома Македонија ВО СЕВЕРНА НЕМА ПРОСТОР ЗА КИРИЛИЦА: Се отkaжа ли Куманово од македонскиот...

ВО СЕВЕРНА НЕМА ПРОСТОР ЗА КИРИЛИЦА: Се отkaжа ли Куманово од македонскиот јазик?

„Ова се новите патокази поставени во општина Куманово, Република Македонија. Никаде го нема македонскиот јазик и кириличното писмо“ сподели на Фејсбук претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски.

„Како Македонец, НАЈОСТРО реагирам против поставувањето на овие патокази и ги повикувам градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и Владата на Република Македонија, да постапат согласно Уставот и да се отстранат овие патокази, а потоа да понесат и политичка одговоронст!

Во оваа држава, и во оваа општина, живеат мнозинство Македонци, и ваквото изоставување на македонскиот јазик го сметам за понижувачко и навредливо кон нашите чувства како Македонци“, се вели во реакцијата на Фејсбук.