дома Балкан Во Словенија yaпceни 9 жени членки на бaндa kpaдци

Во Словенија yaпceни 9 жени членки на бaндa kpaдци

Девет жени на возраст од 19 до 46 години се уапсени во Горењска поради сомнение дека како организирана криминална група извршиле шест кражби во околината на Блед и Радовљица.

Украдените работи ги криеле во чанти или под облека, пренесува порталот 24UR.

Тие првпат биле видени во кражбата на 23 ноември во Блед, а истиот ден во Радовљица.

Во нивното апсење учествувале повеќе полициски патроли, а заедно со нив биле запленети и неколку автомобили кои ги користеле.

Како што се наведува, при истрагата била одземена разна стока – од храна, преку производи за нега на тело, играчки, текстилни материјали и украсни предмети во вкупна вредност од над 3.000 евра.

Се додава дека најголем дел од предметите се вратени во продавниците од кои е украдено, како и дека се осомничени и претходно осомничени за слични кривични дела, пренесува Танјуг.