дома Балкан Во Србија ковид сертификат и за неваkцинираните лица доколку имаат антитела

Во Србија ковид сертификат и за неваkцинираните лица доколку имаат антитела

„Луѓето кои имаат доволно антитела од ковид-19, штп се докажува со тест во Институтот за примена на нуклеарна енергија на Србија, исто така, ќе можат да добијат ковид сертификат“, рече премиерката Ана Брнабиќ.

Тоа е нова можност за добивање ковид сертификат, која ќе важи од утре во угостителските објекти од 22 часот.

Претходно беше објавено дека пропусницата за ковид може да им се даде на лицата кои се вакцинирани со две дози од вакцината, ако не поминале повеќе од седум месеци од втората, ако имаат негативен PCR тест не постар од 72 часа или негативен антиген тест чија важност е ограничена на 48 часа.