дома Балкан Во Србија пуштен во употреба кракот на гасоводот Турски тек

Во Србија пуштен во употреба кракот на гасоводот Турски тек

Главниот гасовод Балкански тeк во Србија, кој испорачува руски гас преку Турција и Бугарија, беше официјално пуштен во употреба во петокот утрото.

„Ова е од клучно значење за понатамошниот развој на Србија. Ова е од големо значење за нас, за индустријата и напредокот на српската економија и за сите жители на нашата земја “, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ на официјалното отворање на гасоводот , пренесува Танјуг.

Вучиќ, исто така, рече дека Србија со овој гасовод обезбеди гарантирана енергетска стабилност и безбедност и дека гасот се набавува преку тој гасовод по цена до 155 долари, со многу пониски транспортни трошоци.

Должината на главниот гасовод во Србија е 403 километри – влегува во Србија во близина на Заечар и излегува кaj Хоргош во Унгарија.

Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.

Гасоводот Турски тек, чиј дел е магистралниот гасовод преку Србија, е проект на рускиот „Газпром“ и турскиот „Боташ“, кој би требало да овозможи стабилно снабдување со гас на Турција, јужна и југоисточна Европа, а долг е вкупно 930 километри, со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.