January 30, 2023, 8:12 am

Во Танзанија нe cмee дa ce збopyвa зa Koвид-19, kaзнaтa e “дeбeлa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Танзанија е една од ретките земји каде што во текот на поголемиот дел од пандемијата е минимизирано значењето на коронавирусот, а властите одбија да го запрат ширењето на вирусот со воведување на заштитни мерки. Од тие причини расте незадоволство во земјата, заедно со смртните случаи, кои им се припишуваат на воспаленија на бели дробови, пишува британски „Гардијан“.

Весникот наведува дека луѓето се свесни дека вирусот е присутен, дека има многу случаи на болест и смрт, но дека не е дозволено тоа да се објавува во јавноста.

– Ковид-19 ги убива луѓето и гледаме многу такви случаи, но не смееме да зборуваме на таа тема, изјави за „Гардијан“ лекар од државната болница во најголемиот град во Танзанија Дар ес Салам, кој како и многумина побарал да не биде спомнуван од страв од можна казна.

„Гардијан“ пренесува дека претседателот на Танзанија, Џон Магуфули, континуирано го минимизира вирусот, па дури и кога соседните држави ги затворија границите и спроведуваа полициски час и локдаун.

Земјата последен пат ги објави податоците за случаи со заболени и умрени од коронавирус во април 2020 година, истовремено кога претседателот Магуфули откри дека тајно испратил разни предмети на тестирање од Ковид 19, од кои папаја, препелица, коза и други биле позитивни, пренесува лондонскиот весник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This