дома Хроника Во тек е пpeтрec во битолска фирма за одгледување мapиxyана

Во тек е пpeтрec во битолска фирма за одгледување мapиxyана

Полицијата по налог на обвинителството, вечерва врши претрес во фирма која има лиценца за производство на марихуана и која поседува нива во Битола, објавува „Експрес.мк“, повикувајќи се на извори во истрагата.

Фирмата е регистрирана на 25.09.2017-та година. Како сопственици се јавуваат Т. Г., српскиот државјанин С. И., П.П. и организацијата ССЗРИ ЛТД. Формирана во септември 2017 година, само три месеци по доаѓање на власта на СДСМ.

Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на коноп за медицински цели на Друштво за производство, трговија и услуги со број 197/2017 е од 29.12.2017 година, а влегува во сила на 30.12.2017 еден ден пред нова година.

Одобрението за одгледување на марихуана за битолската форма е дадено од Владата врз основа на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Засега нема потврда дали претресот во просториите на сопствениците на битолската фирма е поврзан со заплената на 200 килограми марихуана или се работи за друг сомнителен случај.