дома Локално ВО ЧЕТВРТОК ЖИЦАРНИЦАТА НА ВОДНО НЕМА ДА РАБОТИ: По повод Денот на...

ВО ЧЕТВРТОК ЖИЦАРНИЦАТА НА ВОДНО НЕМА ДА РАБОТИ: По повод Денот на полицијата, на Водно ќе се одржи „Алпинистичка вежба-Водно 2019“

Поради одржување на „Алпинистичка вежба-Водно 2019“, Жичницата на Водно в четвротк, на 30 мај, нема да работи до 12 часот. Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.

Времениот прекин на работата на Жичницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата, која ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП Скопје како субјект кој стопанисува со Жичницата.