December 6, 2022, 6:13 pm

Во чecт нa Тоше Проески: Mapaтoнцитe ќe тpчaaт од Табановце до Крушево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да не се заборави и не смее да се заборави! На 16 октомври 2007 година во тешката сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, животот го изгуби нашиот ангел Тоше Проески. Останаа живи само возачот и неговата менаџерка Љиља која потоа изјави дека жали што и таа тој ден не го изгуби животот.

Не само Балакнот туку и целиот свет застана не верувајќи во тажната вест која молскавично беше објавена на огромен број медиуми. По тој повод во Крушево и оваа година ќе се потсетиме на тој ден.
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски вели дека е изградено гробното место на Тоше, на Гумење.

– И оваа година ќе го одбележиме овој тежок ден за Крушево, за државава и за Балканот. Ќе ги пречекаме маратонците и заеднички ќе му оддадеме почит на нашиот сограѓанин, пејач и амбасадор. Годинава ќе положиме цвеќе на веќе изграденото гробно место со што Тоше конечно ќе има достојно почивалиште, кажа градоначалникот на Крушево Томе Христоски.Тој потенцира дека на Гумење е изградено гробното место на големиот пејач кој ширим светот го прослави нивниот убав град.

Но, поради пандемијата годинава маратонот ќе се одржи на територија на нашата земја, поточно од преминот Табановце, преку Скопје, до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска,a таму ќе положат цвеќе во спомен на славниот македонски пејач.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This