November 29, 2022, 4:04 pm

Во Шведска повторно избрана премиерката која минатата недела поднесе оставkа по неколку часа на премиерската функција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведскиот парламент ја реизбра Магдалена Андерсон за премиер на земјата – првата жена на оваа функција – пет дена откако нејзиниот прв мандат траеше само неколку часа.
Иако е земја која долго време се бори за родова еднаквост, Шведска досега немала жена премиер.

Андерсон беше избрана од Парламентот минатата недела, но поднесе оставка само неколку часа пред да може официјално да ја преземе функцијата откако Зелената партија ја напушти коалициската влада.

Андерсон (54), која е министерка за финансии во оставка, сега ќе ја предводи малцинската влада составена од социјалдемократите, 10 месеци пред парламентарните избори во септември.

Таа официјално треба да ја преземе функцијата во вторник, наследувајќи го премиерот во заминување Стефан Левен, по неговото седумгодишно владеење.

За Андерсон гласаа вкупно 101 пратеник, 75 беа воздржани, а 173 гласаа против. Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му е потребна поддршката од мнозинството во Парламентот, но мнозинството не треба да гласа против него.

Претходно овој месец, Стефан Левен поднесе оставка од функцијата премиер поради нискиот рејтинг на јавното мислење. Тој рече дека на партијата и треба нов лидер пред изборите следната година.

Во 2014 година, Андерсон ја презеде функцијата министерка за финансии, исто така прва жена на оваа функција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This