дома Европа Во Шкотска регистриран сојот омикрон кај лица што не биле во Африка

Во Шкотска регистриран сојот омикрон кај лица што не биле во Африка

Во Шкотска, идентификувани се шест случаи на инфекција со новиот сој на ковид-19 наречен омикрон.

Шкотските власти соопштиле дека четири случаи биле пронајдени во Ланаркшир, еден во областа Голем Глазгов и еден во областа Клајд.

Експертите сега ги следат контактите на заразените за да утврдат каде точно се заразиле и со кого биле во контакт последните недели, пишува Би-Би-Си.

„Сите ќе добијат стручна помош и поддршка, а шкотското јавно здравство ќе ги следи контактите на заразените. Ова треба да ни помогне да го утврдиме потеклото на вирусот и да ги најдеме оние со кои заразените биле во контакт во последните недели“, вели министерот за здравство Хумза Јусаф.

Заменик министерот Џон Свини изјавил за Би-Би-Си дека „во некои случаи немало историја на патување“.

„Тоа ни кажува дека постои одреден степен на пренесување на овој вид на вирус во заедницата“, додаде тој.