дома Uncategorized ВО ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Светот се простува од Коби Брајант

ВО ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Светот се простува од Коби Брајант

Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, објавија ESPN, Fox и останатите американски медиуми.

 

 

 

 

Брајант кој август наполни 42 години, беше меѓу петте лица во леталото кое се сруши кај градот Калабасас, а никој во несреќата не успеал да преживее. Таа вест ја потврди и полицијата на Лос Анџелес.

Веста за неговата смрт молњевито се прошири на социјалните мрежи, а кога стана јасно дека е вистина, спортистите и познатите лица почнаа да се простуваат од легендарниот играч на ЛА Лејкерс.

Меѓу првите реагираше и Милан, чиј голем навивач беше Коби Брајант.

„Немаме зборови со кои би опишале како се чувствуваме по веста за смртта на еден од најголемите спортисти во историјата и наш голем навивач. Сите наши мисли се со неговото семејство. Коби, засекогаш ќе те паметиме“, објави италијанскиот клуб на Твитер.

 

https://twitter.com/acmilan/status/1221522458672582659

Од Коби Брајант се простија, меѓу останатите, и легендарниот кошаркар Винс Картер со кого Коби Брајант беше ривал уште во средношколските денови, неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата, Двејн Вејд, потоа режисерот Џон Карпентер, како и словенечкиот кошаркар Горан Драгич, неговиот сонародник Лука Дончиќ, како и босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ.

 

 

https://twitter.com/luka7doncic/status/1221519133143195648

 

https://twitter.com/Goran_Dragic/status/1221526185701564417