дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во Јапонија peкopднo згoлeмyвaњe нa нoви cлyчaи нa кopoнa

Во Јапонија peкopднo згoлeмyвaњe нa нoви cлyчaи нa кopoнa

Јапонското Министерство за здравство денес потврди дека 2.530 лица се разболеле во последните 24 часа, што е најголем дневен биланс на новозаболени лица од почетокот на пандемијата на коронавирус во таа земја.

Рекорден е и бројот на 23 починати пациенти од Ковид за еден ден, објави Си-Ен-Ен.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се 142.789 случаи на Ковид-19 и 2.087 смртни случаи меѓу заразените во Јапонија.

Досега се опоравиле 116.778 пациенти со Ковид, а 453 се во критична состојба.

Особено е тешко во главниот град на Јапонија, во Токио, каде се регистрирани рекордни 570 нови случаи во последните 24 часа, вкупно 39.649 од почетокот на пандемијата, и 488 починати пациенти.