дома Временска Прогноза ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Викендов уживај те во сонцето, од вторник повторно заладување!

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Викендов уживај те во сонцето, од вторник повторно заладување!

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 13 степени.

Во Скопје слично време со температура од -1 до 8 степени.

Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час. Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер. Од вторник подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на студен бран од северните делови на Европа што ќе услови значително заладување со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на пониските места.