дома Временска Прогноза Временска прогноза: Дожд уште неколку дена, еве кога ќе се подобри времето

Временска прогноза: Дожд уште неколку дена, еве кога ќе се подобри времето

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд е најавата на УХМР за утре. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Потоа во следните денови не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Прогноза за 28.09.2020

Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 19°С до 25°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Прогноза за 29.09.2020

Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 30.09.2020

Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.