дома Временска Прогноза ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Кpaј на летнитe температури, од утре пpoмена на времето

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Кpaј на летнитe температури, од утре пpoмена на времето

Времето во Република Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.

В петок, на првиот ноемвриски ден, максималната температура треба да достигне до 16 степени, за десет пониско од денешната, а се очекува облачно време со дожд. В сабота се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а максималната температура да биде во покачување – до 18 степени.