дома Uncategorized ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: После пролетните температури, повторно дожд и снег

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: После пролетните температури, повторно дожд и снег

Продолжува период на стабилно време со релативно високи температури за овој дел од годината.

 

 

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Од недела ќе има малку повеќе облачност, а поголема промена ќе има од вторник и ќе е проследена со зголемување на облачноста, промена на ветерот во северен и со врнежи од снег на планините, и од снег и повремен дожд понекаде и во населените места.