дома Временска Прогноза ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Утрово студено, преку ден сончево

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Утрово студено, преку ден сончево

Во земјава утрото ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. За време на новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до 10 степени, а дневната температура од три до осум степени.

Во Скопје ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус шест степени, а дневната температура до три степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од северен правец.