дома Временска Прогноза ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА (4.01.2019)Денеска студено, со температури под нулата!

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА (4.01.2019)Денеска студено, со температури под нулата!

Времето денеска ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Дневните температури ќе се движат од -9 Целзиусови степени во Маврово, -6 во Крива Паланка, Берово и Битола -5, Охрид -4, Скопје и Кавадарци -1 и Дојран 1 степен.

Сончево и студено, со мала до умерена облачност е прогнозата за утре. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. И утре дневните температури главно ќе бидат под нулата, Скопје и Охрид -2, Маврово -9, Берово -5, Крива Паланка -4, Прилеп -3, Кавадарци 0 и Дoјран 2 степени.
Извор:фокус.мк