дома Временска Прогноза ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА(8.01.2019):Денес сончево и студено,од утре врнежи од снег!

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА(8.01.2019):Денес сончево и студено,од утре врнежи од снег!

Управата за хидрометеоролошки работи за оваа недела најави студено време со многу ниски температури во утринските часови.

Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула.

Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат од утре во текот на денот.
Извор:јавно.мк