дома Локално Времен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Времен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во деновите од викендов ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“.

– Прекопите ќе се изведуваат на локацијата пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

Поради тоа, на булеварот Борис Трајковски ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот“, се вели во апелот од Град Скопје – се вели во соопштението.