дома Временска Прогноза Времето денеска облачно и релативно топло

Времето денеска облачно и релативно топло

Времето денеска ќе биде претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен југоисточен ветер.

Кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен југоисточен ветер, со температури од 10 до 24 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.