дома Временска Прогноза ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Променливо облачно со локални врнежи од дожд

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Според Управата за хидрометеоролошки работи, попладне ќе има ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Температурата ќе се движи од 16 до 26 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 30 степени.