дома Временска Прогноза ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Променливо облачно со повремен дожд

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, рано изутрина и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од четири до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.  Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Утринската температура ќе достигне до еден, а дневната до 10 степени.

Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд и снег и со опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст.