дома Временска Прогноза ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со слаби врнежи од дожд и температури до 18...

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со слаби врнежи од дожд и температури до 18 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со слаби и локални врнежи од дожд и високи дневни темпертури над просекот за овој период од годината. Над 2.000 метри надмотрска височина се очекуваат слаби врнежи од снег.

 

Максималните дневни температури ќе бидат од 7 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска времето ќе биде  умерено облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд и дневна температура до 14 степени.

Утре времето ќе биде облачно со повремени сончеви периоди и максималните дневни температури пд 8 односно до 19 степени.