дома Временска Прогноза ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Продолжува сончевото време, станува сѐ потопло

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Продолжува сончевото време, станува сѐ потопло

Денеска времето ќе биде сончево малку потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 36 Целзиусови степени, Маврово 30, Охрид 31, Битола 34, Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Прогнозата и за утре е претежно сончево и доста топло со температури од 30 до 38 степени и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.