дома Временска Прогноза ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, во источните делови слаб локален дожд

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, во источните делови слаб локален дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и на исток.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Од утре следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.