дома Временска Прогноза Времето денес: Сончево утро, попладне умерена облачност

Времето денес: Сончево утро, попладне умерена облачност

Сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слaб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе зacилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени. Во недела во западните делови ќе има краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време, ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст.