November 29, 2022, 4:19 pm

„Врие“ од фалcифиkyвани пари во Косово, најчесто банкноти од 100 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај предупредувањата, циркулацијата на фалсификувани пари на Косово е речиси секојдневна појава, забележано е во полициските извештаи. Последниве денови беше забележително пријавувањето банкноти од 100 евра, за кои постои сомневање дека се фалсификувани.
Вчера наутро, сопственикот на бензинската пумпа пријавил дека добил банкнота од 100 евра, за која постои сомневање дека е фалсификувана.
Истиот ден, попладне, сопственикот на пекарница во Гњилане ја известил полицијата дека добил банкнота од 100 евра за која постои сомневање дека е фалсификат, пренесува Косев.
Ден претходно беа регистрирани дури три случаи. Вработена во банка во Грачаница пријавила во полиција дека при пребројување на пари наишла на банкнота од 100 евра за која постои сомневање дека е фалсификувана.

Останатита два пријавени случаи се во Приштина, во исто време и во иста улица. Првиот кој пријавил во полиција бил пазарен работник. Наишла и на банкнота од 100 евра за која постои сомневање дека е фалсификувана. Во исто време, вработен во банка, исто така, пријавил дека непознато лице доставило лажна банкнота од 100 евра.
Како што неодамна објави РСЕ, повикувајќи се на податоците на Косовската форензичка агенција, над 40 илјади евра е вредноста на фалсификуваните пари што беа пуштени во оптек на косовскиот пазар во 2020 година.
Според Централната банка на Косово, оваа година биле идентификувани повеќе од 943 банкноти и 2.671 фалсификувани монети, се наведува во извештајот на Косовската форензичка агенција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This