дома Македонија ВРХОВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: СЈО и Катица Јанева немаат надлежност во случаите „Монструм“,...

ВРХОВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: СЈО и Катица Јанева немаат надлежност во случаите „Монструм“, „Сопот“, „Поткуп“, „Маѓар Телеком“….

Врховниот суд донесе одлука дека СЈО ќе треба да ја докажува својата надлежност во случаите за кои бараат надлежност при застапувањето

Се истакнува дека одлуката е согласно член 5, став 1 од Законот за СЈО за гонење на кривични дела кои произлегуваат од содржината на нелегално прислушуваните телефонски разговори, за кои надлежно е СЈО.

Катица Јанева бараше овластување во случаите Надеж, Маѓар Телеком, Шпион, Поткуп во кој Заев беше фатен како прима 200.000 мито, како и случаи против екс-директорот на УБК Зоран Верушевски и неговиот син. Во ниту еден од овие случаи СЈО нема надлежност бидејќи ниту еден од овие не произлегува од сознанијата на нелегално прислушуваните комуникации.