дома Свет Врховeн ги отфpли тyжбите против Трамп за kpшење на Уставот

Врховeн ги отфpли тyжбите против Трамп за kpшење на Уставот

Врховниот суд на САД ги отфрли тужбите против поранешниот претседател Доналд Трамп, кои го теретеа дека за време на мандатот ги прекршил одредбите на Уставот за спречување корупција со задржување на сопственоста врз неговата деловна империја, вклучително и хотел во близина на Белата куќа.

Судиите ги отфрлија одредбите на пониските судови кои дозволија тужби – една поднесена од Вашингтон и државата Мериленд и друга поднесена од обвинители, а исто така одбија да ги сослушаат жалбите на Трамп против тие одлуки. Тие им наредија на пониските судови да ги отфрлат спорните случаи.

Во тужбите се тврди дека Трамп ги прекршил одредбите на Уставот за спречување на корупција, со кои се забранува прифаќање подароци и пари од странски влади и федерални влади без одобрение нса Конгресот.