дома Македонија ВУЛКАНОТ НЕМА ДА ЕРУПТИРА, БЕЗ ПАНИКА: „Косел“ е геотермален феномен, нема опасност...

ВУЛКАНОТ НЕМА ДА ЕРУПТИРА, БЕЗ ПАНИКА: „Косел“ е геотермален феномен, нема опасност од ерупција!

Вулканот во Косел нема да еруптира сигурно, бидејќи тоа не е вулкан, бидејќи не постои лава, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова директорот на Институтот за земјотресно инженерство, Михаил Гаревски.

„Факт е дека со генерации се пренесува дека единствен жив вулкан на Балканот е Косел. Тоа е геотермален феномен којшто многу повеќе се однесува како резултат на активноста на овие раседи, отколку како некој вулкан, бидејќи вулкан не постои“, вели Гаревски.