дома Балкан ВУЧИЌ: „Белград на вода“ ќе биде атракција во источна Европа

ВУЧИЌ: „Белград на вода“ ќе биде атракција во источна Европа

Српскиот премиер Александар Вучиќ порачал дека проектот „Белград на вода“ ќе претставува атракција во цела источна Европа, пренесуваат српските медиуми.

Работниците кои се ангажирани на изградбата на „Белград на вода“ ја градат иднината на Србија, го менуваат лицето на Белград и ја помагаат градежната и туристичката индустрија, изјавил спрскиот премиер и навел дека на изградабта на овој станбен комплекс работат секојдневно по 400 до 500 работници од цела Србија, но и од Република Српска.

„Ова ја движи земјата напред и покажува дека Србија може да работи многу повеќе и посериозно. Ова е еден од проектите кои ќе бидат новото обележје на целата наша земја“, рекол Вучиќ и додал дека работите на проектот „Белград на вода“, каде ќе бидат изградени околу 12 илјади канцеларии, шест илјади станови и најголемиот шопинг центар на Балканот, се одвиваат според планот.

Вучиќ додал дека напредокот кон реализацијата на овој проект бил направен кога сите сфатиле дека „не е важно тоа што Србија нема море, бидејќи него го немаат нити Австрија, нити Швајцарија“. „Инвестициите во туризмот чинат 12 отсто од вкупните инвестиции, што значи дека конечно сфативме дека Србија нема море“, порачал тој.