September 26, 2022, 9:44 am

Вучиќ доби поддршка од Кина и Русија за косовското прашање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, имаше средби со амбасадорите на Кина и на Русија во Белград, Чен Бо и Боцан Харченко, на кои разговарал за настанатите тензии меѓу Србија и Косово.

Според соопштението од прес-службата на претседателот на Србија, кинеската амбасадорка Чен му пренела на Вучиќ дека позицијата на Пекинг за Косово е конзистентна и јасна.

Кинеската страна посветува посебно внимание на моменталната напната ситуација во северно Косово и смета дека едностраната акција не е во интерес на мирот и стабилноста во регионот. Меѓународната заедница треба рамноправно да се однесува кон сите страни. Двојните стандарди не се во корист на решавање на проблемите. Кинеската страна го почитува територијалниот интегритет на Србија во врска со Косово и Метохија, ги разбира и ги поддржува легитимните барања на Србија, вклучително и оние во врска со заштитата на безбедноста и законските права на српскиот народ на Косово и Метохија, со надеж дека сите досега постигнати договори ќе бидат строго почитувани – изјави амбасадорката,Чен.

Во соопштението се наведува и дека рускиот амбасадорот Харченко порачал дека Москва со голема загриженост ја следи ситуацијата на северот на Косово.

Тој, исто така, посочил дека одговорноста за кризата е на привремените институции во Приштина, кои ги кршат и не ги исполнуваат претходно потпишаните договори.

Харченко навел и дека српската страна дејствува со најголема одговорност, додека Приштина не покажува ниту еден знак дека е за барање компромисно решение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This