Вучиќ: До која мeра ќе го тpпиме нaсилcтвoто на Курти – нoви обиди за физичкo зaгрoзувaње или прoгoн на Србите нeма да се слyчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека е загрижен околу информацијата дека тројца Срби биле претепани од припадници на специјалните сили на косовската полиција во близина на административниот премин Брњак.

Тој истакна и дека нови обиди за физичко загрозување, или прогон на Србите „нема да се случи“.

Вучиќ кажа дека е „добро што важи Бриселскиот договор“ и додаде дека утре очекува итен состанок на Управувачкиот тим за Заедницата на српски општини (ЗСО).

„Тоа е прашање за НАТО и ЕУ зошто тоа го дозволуваат. Ние јасно им кажавме кои се границите до која мера ќе го трпиме насилството на (премиерот на Косово) Аљбин Курти и нивните сили. И тоа го знаат Европејците и Американците, многу, многу прецизно им кажавме. И многу прецизно кажавме кои се нашите потези и по кој редослед одат“, им кажа Вучиќ на новинарите во Будимпешта.

Кажа дека нема повторно да минат девет години а ништо да не се случи околу тоа прашање. Претседателот на Србија се сретна во Будимпешта и со претседателот на владата на Унгарија Виктор Орбан, претседателот на владата на Словенија Јанез Јанша и претседателот на владата на Чешка Андреј Бабиш и истакна дека „како и секогаш“, со нив разговарал и за прашањето на Косово и Метохија.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This