дома Актуелно Вучиќ подаде рака: Побара бecплатна вakцинација за сите Македонци со вakцина по...

Вучиќ подаде рака: Побара бecплатна вakцинација за сите Македонци со вakцина по избор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска побарал од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија, дознава „Блиц“.

Тие ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.

Од денес, граѓаните на Босна и Херцеговина ќе можат да се вакцинираат каде било на територијата на Србија.

Како што рече Вучиќ вчера, има доволно вакцини за сите низ Србија.

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина „Спутник V“ слета во Белград денес околу 19 часот, јави Српската радиотелевизија. Производството на руската вакцина „Спутник V“ против вирусот корона треба да започне во Србија утре.

Во првата фаза ќе бидат произведени четири милиони вакцини, рече министерот Ненад Поповиќ.