дома Балкан ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО „ВОЕНИОТ ХУШКАЧ“: Од клучно значење е што побрзо...

ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО „ВОЕНИОТ ХУШКАЧ“: Од клучно значење е што побрзо да се реши кризата во Македонија!

Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон МекКејн денеска во Белград разговарале за состојбата во Македонија и во регионот.

На прес-конференција по завршувањето на средбата, Вучиќ истакнал дека решавањето на проблемот во Македонија е од клучно значење за регионот.

– За стабилноста и мирот во регионот многу е важно на мирен начин да се реши проблемот со формирањето на владата во Македонија. Зборував за нашата иницијатива што поскоро да продолжи дијалогот со Албанците во Брисел и дека позитивно ќе влијаеме на состојбата во регионот и градењето на најдобриот можен начин на односите со Црна Гора, Македонија и Албанија, бидејќи стабилноста во регионот е од особено значење за нас, рекол Вучиќ.

Српскиот премиер нагласил дека од суштинско значење за сите во Западен Балкан е да се реши проблемот во Македонија и додал дека се надева оти со почитување на македонските закони проблемот ќе биде решен на мирен начин.

– Тоа за нас е од огромно значење. Ако имаме незадоволни Албанци од состојбата во Македонија може проблемот од таму да се пренесе кај нас и да имаме проблеми на југот на Србија. Доколку, пак, дојде до меѓумакедонски судир, што никој не го посакува, би предизвикал тешки последици за сите нас, потенцирал Вучиќ.