дома Балкан Вучиќ ќe дoниpa 10.000 вakцини нa БиХ

Вучиќ ќe дoниpa 10.000 вakцини нa БиХ

Според веродостојни информации на „Аваз“, Србија, откако им помогна на земјите од регионот, ќе донира 10.000 дози вакцини од британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ на Босна и Херцеговина.

Како што е познато, Србија, предводена од претседателот Александар Вучиќ, е лидер во Европа во заштитата на своето население, а нејзините граѓани имаат дури и опција да изберат помеѓу четири типа вакцини.

Србија веќе и помогна на Македонија со обезбедување на 8.190 дози вакцини на од американската компанија „Фајзер“.

2.000 дози од руската вакцина Спутник V пристигнаа во Црна Гора, а исто толку ќе бидат донирани и од Србија во наредните денови.

Владата на Србија донираше на Република Српска 5.000 дози вакцина Спутник V за медицински работници.

Како што пишува „Аваз“, Србија очигледно сака да се експонира како регионална сила која покрај тоа што покажува неспоредлива државна ефикасност и лидерство во набавката на вакцините во најтешките услови на светската здравствена криза, покажува и лидерство во знак на солидарност со соседните граѓани и нивните жители независно на националната или верската припадност.