дома Македонија ВУЧЈЕ, МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ: Внуката на Никола Димитров незаконски унапредена за пет...

ВУЧЈЕ, МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ: Внуката на Никола Димитров незаконски унапредена за пет скалила во Министерството за култура!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, започна со процесот на барање прошка од неговите најблиски, како што тоа го најави во текот на вчерашната собраниска седница, каде се дискутираше по поднесенат интерпелација

 

 -Ќе барам прошка од моите родители во ваше име и мислам дека ќе ја добијам. – рече Димитров пред гласањето на доверба за неговата работа во МНР, по скандалите со документите од Викиликс, а во врска со субверзивните активности на Димитров и соработката со странски тајни служби, како и по ставањето на потпис на договорот запромена на името, инаку претходно проколнат од неговиот татко.

 

По обезбедувањето на стипендија за неговата ќерка во висина од 40.000 долари годишно, за студирање на Универзитетот во Хаг, Димитров си ја вработил и внуката.

Дафина Џепаровска, внука од сестра на Никола Димитров успеала да „скокне“ за неверојатни пет скалила во Министерството за култура, каде од помошник соработник станала раководител на сектор за ЕУ интеграции.

Внуката на Димитров била вработена во министерство за финансии во 2010.година (во режимот) како помошник соработник за имплементација на ИПА програмата, за во 2011 да биде префрлена во министерство за култура. Вчера е унапредена пет скалила погоре – во помошник раководител на сектор за ЕУ интеграции. Вакво многу големо и законски спорно унапредување е по ургенција на вујкото Никола Димитров.

Дафина е ќерка на Светлана Камџијаш, сестра на Никола Димитров.